| четврток, 6 декември 2018 |

Половина тон дрога сокриена во автомобил

drogaАвстриската полиција заплени околу 500 килограми канабис во вредност меѓу 4 и 5 милиони евра, скриен во минибус со италијански регистарски таблички, соопштија денеска австриските власти.
Наркотиците биле спакувани во 500 пакети, скриени под кровот на возилото. Дрогата е откриена при рутинска контрола на сообраќајната полиција, извршена вчера на автопат во јужниот дел на Австрија на границата со Словенија.
Двајцата Италијанци на 48 и 58 годишна возраст се уапсени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top