| четврток, 6 декември 2018 |

Винарниците ќе преработат 183 милиони килограми грозје

grozjeМакедонските винарници годинава ќе преработат 183 милиони килограми грозје или за 30 отсто повеќе во однос на лани, изјави заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски.
Откупот на винското грозје во македонските винарници привршува, укажа Коњановски, а оваа година е една од подобрите во лозарството. Откупната сезона на грозјето, оцени, помина мирно и со заедничко разбирање помеѓу лозарите и преработувачите.
Заменик-министерот за земјоделство ја потенцираше  подготвеноста на винарниците, што годинава од македонските лозари откупиле 160 милиони килограми, а од своите површини набрале 23 милиони килограми винско грозје.
– Интересен е и податокот што годинава е значително намален извозот на винско грозје во соседните земји и е сведен на само 9 милиони килограми, рече Коњановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top