| четврток, 6 декември 2018 |

Прилеп: „Комуналец“ не доцнел со плати

619-jkp-komunalec-dobi-novi-vozila-11Прилепски „Комуналец“ не доцни со платите, се вели во реакцијата на јавното претпријатие „Комуналец“,  по прес-конференцијата на СДСМ дека вработените во ова претпријатие добиваат само 1000 денари месечно плата.

„Зборувате за 1000 денари. И ова да ви го објасниме,  Комуналец  во првата рата ги исплати давачките кон државата и 1000 денари од плата, исплатена им е целосно и втората рата. За кое доцнење на плати зборувате не ни е јасно“ се вели во реакцијата.

Од таму велат дека годинава „Комуналец“ инвестирало во капитални средства и проекти, одговарајќи на обвинувањата дека претпријатието должи 30 милиони денари на различни добавувачи.

„Набавивме пет  возила за смет за кои инвестиравме 7 милиони денари. Ја заборавате линијата за селекција на отпад или вас воопшто не ве интересира развој  во отпадот за која одвојуваме 12 милиони денари. Вложивме во Капелата 5 милиони денари, додека во корпи за отпадоци 1 милион и 500 илјади денари. Или вкупно 25 милиони денари само во капитални и основни средства. Нормално е кога се инвестира дел од  тие инвестиции да паднат и на терет на вработените .  Еве да Ве демантираме дека Комуналец не доцни плата туку создава капитални  инвестиции за граѓаните, за  својата фирма и за вработените.Сметаме,  дека Комуналец само со вакви вложувања и преку развој ќе биде корисен и за вработените, но пред се за граѓаните . Ако добро ги анализирате бројките ќе видите дека фирмата има развој , а не долг. Впрочем,  ова беше објаснето и во трите  квартални извештаи разгледувани пред Вас на Советот на општина Прилеп. Или,  говорите за милионски суми за ДДВ,  кое ДДВ  е од Ваше време и кое  Комуналец редовно си го сервисира со рата , за кој долг,   оваа Влада имаше слух , па им дозволи на Јавните претпријатија  долгот од времето на  вашето домаќинско работење да си го исплатат на рати“ се вели во реакцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top