| четврток, 6 декември 2018 |

Швајцарката Лара Гут триумфираше во алпско скијање

Во првиот велеслалом од новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање што се одржа во Зелден, триумф на Швајцарката, Лара Гут

Таа во двете возење забележа вкупно време од 2 минути 25 секунди и 16 стотинки и за 86 стоти дела од секундата беше побрза од Австријката, Катрин Цетел.

Третото место и припадна на Викторија Ребензбург од Германија, која зад победничката заостана секунда и 28 стотинки.

Бранителката на кристалниот глобус од минатата сезона, Тина Мазе ја освои дури 18-тата позиција.
Машкиот дел од Светскиот куп стартува денеска со трката во велеслалом, која исто така ќе се одржи во Зелден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top