Фудбалскиот клуб Реал Мадрид и Бил Гејтс преговараат за промена на името на стадинотот “Сантијаго Бернабе“, пишуваат шпанските весници. Ако тоа се случи стадионот во својот назив во иднина може да го носи името на Мајкрософт. Иако тоа ќе предизвика бес кај навивачите, ако дојде до договор, тоа ќе му помогне на клубот да влезе во голема инвестиција на реновирање на стадионот, која според прогнозите може да чини околу 400 милиони долари.
Самиот клуб во мај информираше дека, ако дозволи откуп на името на стадионот тоа ќе се случи само ако името “Сантијаго Бернабе“ стои до името на спонзорот . Инаку Мајкрософт и Реал Мадрид досега соработувале на проекти за подобрување на условите за живеење на сиромашните деца во Латинска Америка. Мајкрософт со ова ќе го поправи имиџот и профитот, затоа што Реал Мадрид според Форбс е највредниот спортски бренд во светот. Стадионот “Сантијаго Бернабе“ е отворен 1947 година и го доби името по претседателот на клубот кој на таа фунција бил дури 35 години и создал концепција која на клубот му донека 30 титули во лигата во Шпанија и 9 во Европа. Ако дојде до договор , ова ќе биде прв стадион во Шпанија кое ќе го носи името на спонзорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Хорор во Виница: Малолетничка силувана на градскиот стадион