Баварците имаа негатива во 14м откако Херта поведе на Алианц арената со погодокот на Рамос. Сепак Манџукиќ е човекот на пресврт и со два гола во 30-тата и 51м го носи Баерн во водство од 2-1. Конечно блесок на Геце кој зголеми на 3-1 додека Бен Хатира успева во 59м да го постави конечниот резултат од 3-2.
Борусија Дортмунд како гостин го совлада Шалке со 3-1. Екипата на Клоп водеше со 2-0 со погодоците на Аубамејанг и Сахин.
Шалке кој промаши пенал при 1-0 за гостите се врати во игра со погодокот Мајер во 62м но гостите од Дортмунд не дозволуваат израмнување и преку Блажчиковски во 74м.
Негатива од еден гол имаше и Баер во Леверкузен каде Аугсбург поведе со 1-0 преку Хан. Но Ролфе и Кан со по еден гол во двете полувремиња донесоа водство од 2-1 за фармацевтите.
Значајна победа од 2-0 против Браушвајг однесе Мајнц на нашиот репрезентативец Николче Новевски кој го одигра целиот натпревар. Стрелец на головите беше јапонецот Оказаки во 8. и 68. Минута.
Во Хановер победа за Хофенхајм од 4-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Kолку минимално треба да вежбате за видливи резултати?
-
Конечен резултат: За независност на Каталонија гласале 90,18% од гласачите
-
Фирмите се борат за опстанок, бизнисмените пред колапс – големо е разочарувањето од 100 дена влада!
-
Кој од кој поубав, најдобрите десет голови кои ја одбележаа сезоната во Бундес лигата (видео)