| четврток, 6 декември 2018 |

Пипа одбра необичен подарок за крштевката на принцот Џорџ (фото)

princ-dzordz

Британскиот престолонаследник, малиот принц Џорџ од тетката Пипа Мидлтон за својата крштевка доби сребрени скулптури од неговите раце и нозе.

Идејата Пипа ја добила уште одамна, а за изведувањето на скулптурите тримесечниот принц морал мирно да седи за да испаднат баш како неговите.

Не е познато дали родителите на малиот Џорџ знаеле за подарокот пред да биде врачен. Сребрениот пар раце и нозе може да чинат и 6.200 фунти во зависност од големината и гравурата.

skulpturi dzordz pipa midlton

Се проценува дека Пипа потрошила најмалку 7.000 фунти за подарокот. Инспирацијата, ја нашла меѓу предците на Џорџ, односно, во средината на 80-тите години од 19 век, кралицата Викторија ангажирала скулптор кој од гипс изработил раце и нозе на нејзините девет деца.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top