| четврток, 6 декември 2018 |

Фемили Аеродром им потроши на МЗТ 15.000 евра

Актуелниот кошаркарски шампион МЗТ Скопје се соочува со казна од најмалку 10.000 евра од страна на Унијата на кошаркарски лиги (УЛЕБ) и тоа поради фрлени петарди и тврди предмети на теренот на натпреварот од страна на навивачите на овој тим на неодманешниот меч против Макаби Хаифа во рамки од 2.коло од Еврокупот, објавија денеска од таборот на „металците“ на официјалната клупска страница на „Фејсбук“

 

mzt-skopje-kup-23

Конечната одлука за висината на паричната казна ќе биде позната во следните неколку недели. Претходно, сино-белите беа казнети со 5.000 евра од страна на АБА-лигата поради палење на пиротехнички средства на мечот против Унион Олимпија. Ова, пак, значи дека популарната група „Фемили“ досега го чини клубот за кој навива најмалку 15.000 евра што ја прави најскап играч во ростерот на тренерот Влада Вукоичиќ со оглед на тоа што навивачите традиционално се сметаат шести кошаркар во тимот на МЗТ на средбите кои ги играат на домашен терен.

Ваквите високи парични казни се причина што управата на шампионот се реши да упати апел до сите присутни што ќе се најдат на трибините во салата „Борис Трајковски“ на утрешниот меч против Партизан (17 часот) за фер и коректно навивање.

Извор: МКД.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top