| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен тинејџер кој ограбил две девојки

lisici 2

СВР-Скопје до надлежното Основното Јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против лицет Р.А.(19) осомничен дека извршил две кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“, со што се стекнал со противправна  имотна  корист од  околу 43.000 денари.

За сторените кривични  дела, кои  се предвидени  и Истражениот  судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 денови.

Првото кривично дело Р.А. го извршил на 19. минатиот месец, околу 15 часот на бул. „Партизански Одреди“ во влез пред стан во зграда бр.78 врз лицето С.П. при што и е одземен еден златен ланец со привезок.

Второто кривично го извршил  на 24. овој месец околу 10 часот на ул.„Руди Чајавец“ пред лифтот во влезот на приземјето од зградата бр.4, врз лицето Т.Љ. додека таа го чекала лифтот. Во моментот кога оштетената ја отворила вратата од лифтот Р.А. ја грабнал за златното ланче кое го носела околу вратот и од истото и откинал еден привезок со црно камче и опшиен со црни позлатени циркони во форма на бадем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top