| четврток, 6 декември 2018 |

Во Каменица се ловеше штетниот дивеч

Во организација на општината и ловечкото друштво „Острец“ од Македонска Каменица, се одржа ловечка акција во која учествуваа над 90 ловци на кои целта им беше ловење на штетниот дивеч во околијата, кои повремено им прави значителни штети на сточарите

lisica

Акцијата се одржа минатиот викенд кога над 90 ловци од Македонска Каменица и околината направија успешна хајка при што беа отстрелани неколку лисици.

Како што е традицијата, акцијата заврши со заеднички ручек на кој беше послужен традиционален ловечки грав со сланина проследен со интересни ловечки приказни од ловците.

Градоначалникот на општина Македонска Каменица Дарко Митевски, активно зема учество во поддршката на ловечкото друштво со финансиска поддршка на овие активности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top