| четврток, 6 декември 2018 |

Гостиварец- специјалист за ограбување куќи на гастербајтери

policija

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против  Б.И.(23) од Гостивар поради постоење на основи на сомнение за сторени вкупно девет казнени дела од кои осум „тешка кражба“ и една „кражба“.

Пријавениот кражбите ги вршел во текот на оваа година како и во декември 2012 година во куќи чии сопственици биле на привремена работа во странство.

Истиот со подесен алат ги кршел бравите и катинарите на влезните врати од каде по целосното пребарување одземал мобилни телефони, лап топ компјутери, часовници, златен и сребрен накит и други вредни предмети кои ги продавал во Струга и во други градови.

Б.И. е добро познат на службата поради низа извршени кражби во повеќе градови во земјата за што против него биле поднесувани кривични пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top