
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.И.(23) од Гостивар поради постоење на основи на сомнение за сторени вкупно девет казнени дела од кои осум „тешка кражба“ и една „кражба“.
Пријавениот кражбите ги вршел во текот на оваа година како и во декември 2012 година во куќи чии сопственици биле на привремена работа во странство.
Истиот со подесен алат ги кршел бравите и катинарите на влезните врати од каде по целосното пребарување одземал мобилни телефони, лап топ компјутери, часовници, златен и сребрен накит и други вредни предмети кои ги продавал во Струга и во други градови.
Б.И. е добро познат на службата поради низа извршени кражби во повеќе градови во земјата за што против него биле поднесувани кривични пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


