
По забраната на поповите и другите свештени лица да користат Фејсбук, Владиката Петар во интервју за Нова ТВ најави дека МПЦ може да забрани да се користи и Твитер доколку и таму се заклучи дека се пишуваат непристојни содржини.
Владиката Петар ваквата констатација ја образложи со тоа што пред 2 години некои од луѓето кои работат низ епархиите а не се свештени лица продолжиле со злоупотребите на фејсбукот иако тој бил забранет за употреба кај свештенстовото и монасите во Преспанско-Пелагониската епархија. Владиката Петар истакна дека ваквата одлука всушност следствува на одлуката на руската црква која они само ја спровеле.
„Главниот проблем е што таму се случуваат недолични работи, многу материјали се пуштаат кои се неодостојни, со порнографија, има лица кои се занимааваат со тоа и откриваат такви нешта. Нам на свештениците ни се обраќаат лугето со доверба и заради тоа можат да бидат злоупотребени, се работи за голема мрежа“, вели Владиката Петар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


