| четврток, 6 декември 2018 |

Кличко ќе се кадидира за претседател во 2015 година

Светскиот боксерски првак во тешка категорија ќе се кандидира за претседател на Украина на изборите во март 2015 година.
Виталиј Кличко, кој заедно со брат му речиси една деценија владеат во ринговите, е една од најпопуларните личности во некогашната република од Советскиот Сојуз, која има 45 милиони жители.
Тој веќе е член на украинскиот парламент, место во законодавниот дом на родната земја заслужи како претставник на својата партија.
Кличко ќе му биде противнички кандидат на актуелниот прв човек на дражавата, Виктор Јанукович, а е сојузник со некогашната премиерка Јулија Тимошенко, која веќе неколку години е во затвор.
Тој подолго време работи во насока да се справи со корупцијата во Украина преку својата политичка партија, која изненадувачки беше трета на парламентарните избори минатата година.
Потврдата на кандатурата на Кличко стигна откако Јанукович најави донесување закон со кој би се забранила можноста на оние што имаа живеалиште во странство да се борат за позицијата шеф на земјата, меѓу кои е и Виталиј.
Тој одамна престојува и тренира во Германија, каде што освои најголем број од неговите титули.
– Имам живеалиште во Германија, меѓутоа тоа не е спротивно на украинскиот закон и не ми го анулира моето државјанство. Ќе се кандидирам за претседател – вели шампионот Кличко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top