Месут Озил е подобар фудбалер од Анхел ди Марија, но на Реал Мадрид му е поважен балансот во играта, вели Карло Анчелоти, тренерот на „кралевите“ од шпанската престолнина.
– Немам дилема дека Ди Марија заостанува со фудбалските квалитети во однос на Озил, но одлучив тој да остане, а Месут да замине поради карактерот и начинот на кој ѝ помага на екипата. По доаѓањето на Бејл, одлучив дека е подобро во Реал да го имам Ди Марија, во однос на Озил – изјави Анчелоти.
Италијанскиот стратег ја пофали играта на Анхел против Јувентус, но медиумите и спортската јавност сѐ уште не се убедени дека повлече правилен потег со продажбата на најдобриот асистент на Реал во минатата сезона. Озил игра импресивно во Арсенал, а Ди Марија допрва треба да докажува дека Анчелоти правилно постапил што го задржал во Реал, а се откажа од германскиот репрезентативец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)