Во отворена емисија на телевизијата на НБА, која одеше минатата недела, тема на разговор беше исхраната на играчите пред натпреварите, а поранешниот играч на Чикаго булс, Стив Кер раскажа како неговиот соиграч Тони Кукоч го изненадил со неговите навики.
– Ќе ви раскажам кратка приказна за Тони Кукоч, кој само што дојде во НБА. Тоа беше првиот натпревар во сезоната, четири часа пред тоа бевме на ручек. Тој нарача: салата, пред јадење, голема порција тестенини, пилешко, чаша црно вино, за десерт тирамису и на крајот испи едно кафе. Не можев да поверувам што направи, а Тони само ми рече дека во Европа многу јадат, пијат вино, кафе, па потоа ќе отидат во хотелот ќе извршат нужда, а потоа одат и го играат натпреварот – рече Стив Кер и ги насмеа сите присутни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.