Рос Гарднер на 28 години имал 178 килограми и едвај влегувал во XXXXL кошули. Денес има 39 години и е половина потенок од пред 11 години и изгледа многу различно.
Откако бил принуден да плати за две седишта во авион поради неговата големина, тој одлучил да побара помош. Посетил специјалист за телесна тежина кој му рекол дека може да умре за три години ако продолжи во исто темпо.
– Јас конечно сфатив што му правам на моето тело и одлучив да направам некои сериозни промени. 15.000 калории ги заменив со 2.500 во рок од 10 месеци и изгубив речиси 90 килограми, вели тој, и додава дека тоа звучи толку едноставно, но не е.
Како килограмите почнале да исчезнуваат, Рос почнал редовно да вежба во теретана и да оди шест или седум пати неделно на тренинзи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.