Службен автомобил „ситроен Ц5“ на Општина Охрид, со кое патувала официјална делегација на градот Охрид во посета на побратимениот град Крагуевац, се запалил на автопатот во близина на Ниш, Србија, јавува „Охрид 1“.
Делегацијата се вратила до српско-македонската граница благодарение на љубезноста на домаќините од Крагуевац, кои отстапиле нивно возило за трочлената делегација да биде превезена до српско-македонска граница, за оттаму да стасаат до Охрид со друго возило на Општината.
Возачот, кој ја возел делегацијата, останал во Србија каде во моментов се прават поправки на моторот на возилото, по што веројатно тој ќе го врати возилото назад, известува „Охрид 1“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.