| четврток, 6 декември 2018 |

Јованка се срамеше од условите во кои живееше

јованка

Јованка Броз никогаш не ми призна дека е болна, туку секогаш зборуваше дека е тврд орев. Никогаш не споменуваше дека зема лекови или витамини. Сепак, се срамеше од условите во кои живее, вели за српски „Блиц“ Лилјана Рибникар, чиј татко бил роднина со Јованка, а таа често се сретнувала со вдовицата на Тито.

 

– Таа ме бараше во Фондот „Рибникар“, во зградата на „Политика“ и сите можеа да чујат дека ме бара Јованка Броз. Сѐ беше јавно. Немаше потреба некој да прави интерпретација. Ни ги снимаа разговорите, а таа најчесто одредуваше колку ќе траат и како ќе се одвиваат. Ми зборуваше дека им пишувала на сите, но од политичарите единствено го именуваше Мирољуб Лабус и зборуваше дека тоа сѐ се деца кои се продолжена рака на оние што ја тргнаа на страна – вели Лилјана.

За време на посетата на сестрата на Јованка во мај минатата година, како што раскажува таа, се видело дека Јованка се срами да прима гости во трошната вила на Дедиње.

 

– Сопругот на Мирјана, кој е архитект, ја сликаше внатрешноста и случајно го фати и разронетиот плафон, а Јованка го замоли тоа да не се гледа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top