| четврток, 6 декември 2018 |

Обид за труење на директорот на УЈП Тетово?

ziva

Непозната течност, најверојатно жива, била истурена пред канцеларијата на директорот на УЈП Тетово, пишува „Курир“.

Според информациите на порталот, вработена во УЈП утринава околу 8.30 часот пристигнала на работа и пред вратата на директорот забележала истурена течност која наликувала на жива. Вработената веднаш повикала полиција и местото било обезбедено и фотодокументирано.

За инцидентот биле известени и противпожарните служби и Дирекцијата за заштита и спасување.

Примероци од непознатата течност веќе се предадени на вештачење. Полицијата работи на откривање на причините за инцидентот, како и на наоѓање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top