| четврток, 6 декември 2018 |

Болните од бубрег бараат специјални амбуланти

nefron

Бубрежноболните бараат повеќе лекови да се додадат на позитивната листа, како и да се отворат регионални нефролошки центри, според бројот на пациенти, како и да се намали цената на домашната дијализа, се дознава од соопштението на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).

Претставниците на Здружението на бубрежноболни „Нефрон“ имале нова средба со директорот на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова, во рамките на планираните средби заради остварување на здравствената заштита на бубрежноболните.

Тимот на „Нефрон“ укажал дека треба да се отвораат регионални нефролошки амбуланти, односно центри во согласност со бројот на пациенти. Се дискутирало и за намалување на цената на домашната дијализа, како и за проширување на позитивната листа на лекови на товар на ФЗОМ.

На средбата се сумирале и ефектите од досега спроведените заеднички проекти на „Нефрон“ и ФЗОМ, како што се воведување евиденција на пациенти на дијализа, едукација на матични лекари за рано откривање бубрежни заболувања и воведување протоколи за спроведување дијализа и контрола од страна на ФЗОМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top