Се распадна пријателството на актерката Гвинет Палтроу и Пинк, кои се запознаа и зближија на снимањето на филмот „Фала за споделување“.
Пријателството меѓу нив две се расипало веднаш откако Пинк добила подобри критики за глумата отколку Гвинет. Поради тоа, актерката решила да го прекине пријателството, а односот им е оладен.
– Кога Пинк дојде на снимањето за филмот, таа себе не се гледала како професионална глумица, а често се шегувала дека само ќе смета на снимањето. Проблемот настана по снимањето кога Пинк доби многу позитивни оценки за нејзината глума во филмот, па нејзината менторка и пријателка Гвинет, наместо да биде среќна, таа, поради љубомора, одлучи да го прекине пријателството со Пинк велејки дека е валкана и нељубезна девојка – ова го изјави извор за магазинот „Нешнел енквајер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.