| четврток, 6 декември 2018 |

Вигенин: Со право употребив ПЈРМ

kristian_vigenin

Шефот на бугарската дипломатија, Кристијан Вигенин, вели дека не згрешил што ја нарекол нашата земја поранешна југословенска Република Македонија.

– Има запис од нашите изјави, да, тоа е официјалното име на Македонија, на Република Македонија, кое се употребува во рамки на Европската унија и од Грција. Како гостин на Грција, не сметам дека направив грешка што го употребив тоа име – изјавил Вигенин за Бугарското национално радио, пренесуваат грчките медиуми.

Вигенин во интервјуто потенцирал дека Бугарија нема никаква врска со спорот за името и ја призна Македонија под уставното име.

Шефот на грчката дипломатија, Евангелос Венизелос, минатата недела се сретна со својот бугарски колега. На средбата се зборуваше за односите на Грција и Бугарија со Македонија, како и за евроинтеграциите на нашата земја. На прес-конгеренцијата по средбата, Вигенин ја нарече нашата земја – поранешна југословенска Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top