| четврток, 6 декември 2018 |

Панчо и Андреј го распродадоа нивниот албум „Срце“

Нов тираж од вториот албум на аренби-дуото „ДНК“ насловен „Срце“ денеска е пуштен во продажба во сите музички продавници низ Македонија. По распродадениот прв тираж од цедето, коешто беше промовирано на 22 мај годинава, публиката на Панчо и Андреј го кажа своето – „Срце“ треба да го има секој во домашната музичка колекција.

– Изненадени сме од брзата продажба на нашиот албум. Свесни сме дека навиката да се купуваат цедиња во нашата држава е речиси искоренета, па затоа со најголемо задоволство го пуштаме во продажба вториот тираж од „Срце“ – изјавуваат Панчо и Андреј.

Авион, Што сака нека биде, Срце, Од утро до мрак, Старлета, Дада, Опуштено се само дел од хитовите на „ДНК“ што се наоѓаат на овој компакт-диск. Обожавателите на ДНК, кои сѐ уште го немаат купено албумот,  може да го набават по цена од 150 денари.

Во меѓувреме, „ДНК“ работат на видеозаписи за хитовите од „Срце“. Наскоро ќе биде промовиран видеоспотот  за „Што сака нека биде“, а следна песна којашто ќе добие своја видеоприказна е „Опуштено“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top