Пакистанскиот премиер Наваз Шариф за време на посетата на Вашингтон побара од американскиот претседател Барак Обама да ги сопре нападите со беспилотни летала на територијата на неговата земја.
-Го споменав прашањето за беспилотните летала, инсистирајќи дека е неопходно да бидат сопрени таквите напади- псочил Шариф по средбата во Белата куќа.
Обама не го споменал посебно тоа прашање пред новинарите, а во заедничката изјава дадена по состанокот се наведува дека односите меѓу двете земји се „втемелени на принципите на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет”.
Минатата сабота специјалниот известител на Обединетите нации за човекови права и антитероризам, Бен Емерсон,соопшти дека пакистанските власти тврдат дека во изминатите десет години во нападите на американските беспилотни летала на пакистанска територија се убиени околу 2200 лица од кои 400 цивили, а за околу 200 може да се каже дека не биле талибански борци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


