| четврток, 6 декември 2018 |

Пакистан бара да сопрат беспилотните летала

bespilotno letaloПакистанскиот премиер Наваз Шариф за време на посетата на Вашингтон побара од американскиот претседател Барак Обама да ги сопре нападите со беспилотни летала на територијата на неговата земја.

-Го споменав прашањето за беспилотните летала, инсистирајќи дека е неопходно да бидат сопрени таквите напади- псочил Шариф по средбата во Белата куќа.

Обама не го споменал посебно тоа прашање пред новинарите, а во заедничката изјава дадена по состанокот се наведува дека односите меѓу двете земји се „втемелени на принципите на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет”.

Минатата сабота специјалниот известител на Обединетите нации за човекови права и антитероризам, Бен Емерсон,соопшти дека пакистанските власти тврдат дека во изминатите десет години во нападите на американските беспилотни летала на пакистанска територија се убиени околу 2200 лица од кои 400 цивили, а за околу 200 може да се каже дека не биле талибански борци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top