Ретка промоција на музичарот Дејвид Боуви е закажана за вечерва на радиото Би-Би-Си, каде тој ќе се појави во улога на Ди-џеј.
Тој ќе има 15-минутно шоу, а ќе пушта своја музика, од албумот ‘Pin Ups’ од 1973-та година, кој содржи преработки на популарни хитови од 60-те и 70-те години на минатиот век. Оваа касета ја открил радио водителот Најџел Рив, кој ја добил и интересната идеја.
Би-Би-Ци радио ги повикува слушателите вечерва да уживаат во шоуто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


