| четврток, 6 декември 2018 |

Велешанец лудувал кај Вардар – за малку ќе убиел и полицаeц

Вчера околу 19:00 часот во атарот на с.Башино Село-велешко, после мостот на реката Вардар, од страна на полициски службеници било запрено товарното моторно возило „Ман“ натоварено со песок, а управувано од 54- годишниот велешанец Л.Л.

Сопственикот на возилото пак, 43-годишниот З.Т. од Велес, спротивно на наредбите на полицијата, влегол во камионот и го истурил песокот на самото место, по што се обидел да го прегази полицискиот службеник.

Со кренат кипер, З.Т. ги закачил телефонските жици, кои се искинале, по што се искршиле и три дрвени бандери.

По настанот, со товарното возило  З.Т. се упатил на локалниот пат Велес-Башино Село така што ги загрозил и другите учесници во сообраќајот.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top