Вчера околу 19:00 часот во атарот на с.Башино Село-велешко, после мостот на реката Вардар, од страна на полициски службеници било запрено товарното моторно возило „Ман“ натоварено со песок, а управувано од 54- годишниот велешанец Л.Л.
Сопственикот на возилото пак, 43-годишниот З.Т. од Велес, спротивно на наредбите на полицијата, влегол во камионот и го истурил песокот на самото место, по што се обидел да го прегази полицискиот службеник.
Со кренат кипер, З.Т. ги закачил телефонските жици, кои се искинале, по што се искршиле и три дрвени бандери.
По настанот, со товарното возило З.Т. се упатил на локалниот пат Велес-Башино Село така што ги загрозил и другите учесници во сообраќајот.
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре