| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија рани 11 лица во ноќен клуб во Црна Гора

Вкупно 11 лица се полесно повредени рано изутринава при експлозија на шок бомба во еден ноќен клуб во центарот на црногрскиот град Никшиќ.

Како што јави Танјуг, нападот го извршило засега непознато лице, кое ја фрлило бомбата во внатрешноста на клубот. При експлозијата е уништена влезната врата и е оштетена внатрешноста на клубот.

Директорот на болницата во Никшиќ, Илија Ашанин изјави дека во таа здравствена установа биле примени 11 лица со здобиени повреди, од кои пет се хоспитализирани, а останатите шест по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.

– Станува збор за полесни повреди предизвикани по активирањето на експлозивната направа, додека двајца пациенти имаат пробелми со слухот – нагласи Ашанин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top