| четврток, 6 декември 2018 |

Вељаноски: Денот на македонскиот непокор

Претседателот на македонското Собрание, Трајко Вељаноски, денеска упати честитка до граѓаните на Република Македонија по повод Денот на македонската револуционерна борба.

– Денес е денот кога го чуствуваме духот од револуцијата и го живееме моментот кога една организација пред 120 години имаше една цел, да ја сплоти исконската желба за слобода на Македонија и македонскиот народ. Македонската револуционерна организација ги напиша страниците на славната историја со крв и саможртва, и прати јасна порака до сите дека македонскиот народ е спремен и преку смртта да ја создава слободата – вели во честитката Вељаноски.

Со ова нивно дело, како што нагласува, несомнено нашата историја ја добива смислата за македонскиот непокор, и за револуционерната борба, која треба да создаде слобода, култура и вредности.

– Сите понатамошни македонски револуции и народни востанија ќе почиваат на овој пример. Како народ треба да бидеме горди на оваа организација, која во македонскиот народ поттикна голема храброст, одлучност и визија за сопствена и слободна татковина. Ова дело во нас остави длабока трага и обрвска да ја чуваме слободата и независноста на Република Македонија, и да изградиме силна држава, развиено демократско и економски просперитетно општество – истакнува Вељаноски во честитката по повод Денот на македонската револуционерна борба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top