| четврток, 6 декември 2018 |

Дали „русокосиот ангел“ е Американката Лиса

MariaLisa_1083629iДали малата Марија која беше пронајдена во Грција во ромско семејство кое ја принудувало да проси и да игри за пари е Американката Лиса? Американскиот пар Џереми Ирвин (31) и Дебора Бредли (30), се сомневаат дека Марија е всушност нивната  Лиса, која во октомври 2011 година исчезнала од нивниот дом во Канзас Сити.

marija lisaАмериканското семејство веќе контактирало со грчките власти. Тие посочиле фотографија од Лиса како бебе, како и  слики на уметник кои покажуваат како би изгледала Лиса денес. Сличности има.

Според адвојатот на семејството надлежнте во Грција сѐ уште ја разгледуваат можноста Марја всушност да е Лиса. Единствена недоумица е фактот дека се претпоставува дека Марија има 5-6 години, а Лиса денеска би имала 4 години

Лиса не е единственото девојче за кое постои сомнеж дека е Марија. Досега се примени над 5 000 повици од земји ширум светот. Луѓето барале да се провери дали „русокосиот ангел“  е всушност нивната ќерка. Некои се јавиле само за поддршка и помош за малата Марија.

Соседите пак на брачната двојка која е во притвор за киднапирање на девојчето тврдат дека Марија била купена за 1.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top