| четврток, 6 декември 2018 |

„Принцезата од Монпасје“ в петок во францускиот кино клуб (видео)

Францускиот институт во Скопје и Кинотеката на Македонија в петок, во 20 часот, во Кинотеката на Македонија, во рамките на редовниот француски клуб, ќе биде прикажан филмот „Принцезата од Монпансје“, на Бертран Таверние, од 2010 година. Се работи за извонредна адаптација на роман на француската пистелка Мадам де Ла Фајет во историско-љубовна драма, која, во 2011 година, беше наградена со Цезар за најдобра костимографија.Филмот е со превод на македонски јазик.

Во 1562 година Шарл IX е крал на Франција, каде религиозните војни пустошат… Уште од најрана возраст, Мари де Мезјер е вљубена во Анри, Војводата од Гиз, но нејзиниот татко ја принудува да се омажи за Принцот од Монпансије. Таа непразно се обидува да ја заборави страста за Гиз и застанува, и против нејзина волја, помеѓу ривалските и насилни страсти, во кои се вмешува и Војводата од Анжу, идниот крал Анри III.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top