| четврток, 6 декември 2018 |

Макрадули: Трајко на мојата ќерка нема да и недостасува ништо

Денеска, 1. февруари, по 12 години работа, добив плата на први во месецот, напиша пратеникот на СДСМ. Прв пат од 2001-ва добивам плата на 1-ви во месецот. Секако намалена, и пред Трајко и платениците да почнат да се ситат, да им порачам: џабе ви е диктатори, на мојата ќерка ништо нема да и недостасува во животот… – напиша пратеникот Јани Макрадули на својот фејсбук профил.

Ваквиот статус напратеникот на СДСМ доаѓа по одлуката на Собранието да се исплаќа помала плата, односно плата во висина од една третина од месечниот доход,  на оние пратеници од опозицијата кои јавно најавија дека ќе го бојкотираат присуството на пленарните седници и на комисиите чии членови се.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top