Франција и Мексико жестоко реагираа на новите наводи за американска шпионажа што до медиумите ги достави поранешниот договорен соработник на Агенцијата за национално разузнавање (НСА), Едвард Сноуден.
Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус рече дека го свикал американскиот амбасадор во Париз за да го објасни написот во весникот Монд за широката операција на шпионирање на француски државјани од страна на НСА. Во написот се наведува дека НСА собрала десетици милиони телефонски податоци од Франција во период од еден месец. Фабиус ги оцени наводите како “шокантни“.
И Мексико остро реагираше по извештајот објавен во германскиот неделник Шпигел, во кој Сноуден ја обвинува НСА дека извршила упад во електронската пошта на поранешниот мексикански претседател Филипе Калдерон. Министерството за надворешни работи ја окарактеризира ваквата пракса како „неприфатлива, нелегална и против мексиканските и меѓународните закони“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.