| четврток, 6 декември 2018 |

Родман: Кореја е како Ибица, ама само за Ким Јонг Ун

Поранешната НБА-ѕвезда Денис Родман е воодушевен од посетата во Северна Кореја за која вели дека е како најлудите места, како што се Ибица и Хаваи, додека, пак, за Ким Јонг Ун вели дека тој е само дете кое сака да биде сакано.

– Тој обожува кога луѓето околу него се среќни. Секогаш околу него има 50-60 луѓе кои изгледаат како да се среќни и пијат коктели со него. Пиењето е најдобро ако испиеш едно шише текила, тоа е најдобрата текила. Што и да посакаш, од него ќе го добиеш само најдоброто. Ким е само едно дете кое сака да седи и да разговара – вели Родман.

Родман поголемиот дел од времето додека престојуваше во оваа држава го помина на јахтата на Ким за која вели дека е нешто меѓу траект и брод на Дизни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top