„Архангел“ повторно се подготвува за концертна активност. На 20 декември во арената „Борис Трајковски“ во Скопје овој македонски состав уште еднаш ќе покаже зошто македонски звучи подобро.
Овојпат, засилени со Македонската филхармонија, повеќе од 60 луѓе на иста сцена ќе го донесат спојот меѓу современото и класичното на начин незабележан во македонската музичка историја.
Неповторливо и незаборавно, како што сме навикнати кога е во прашање „Архангел“.
Деталите за продажбата на влезниците ќе бидат објавени наскоро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.