Атинскиот градоначалник Јоргос Каминис ја прифати поканата на неговиот скопски колега Коце Трајановски за посета на Скопје.
– Дипломатијата меѓу градовите претставува предност затоа што сме ослободени од многу формални процедури кои ја отежнуваат дипломатијата меѓу земјите и, секако, големите градови во суштина имаат исти проблеми, но тоа не значи дека и државите ги имаат истите проблеми. Па, така, можеме веднаш да развиеме заеднички јазик не само со градот Скопје, кој е соседен град и многу би сакале дијалог, но и со другите градови од југоисточна Европа – изјавил Каминис.
На прашањето на телевизијата дали му се допаѓаат спомениците од „Скопје 2014“, тој изјавил дека не е запознаен со проектот, но вели дека не е против, сè додека уметноста е во прв план.
– Доволно е да не бидат предмет на национално искористување. Спомениците се форма на уметност – вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.