Перо Антиќ ноќеска ја одигра најдобрата партија за екипата на Атланта Хоукс во натпреварот од претсезоната против Мемфис Гризлис, но за жал и овој пат неговиот тим загуби со 90-82.
Во овој натпревар Антиќ одигра 21 минута, постигна 4 поени и имаше 4 скока, но критките по натпреварот за неговата игра особено беа позитивни за неговиот придонес во одбраната. Првиот македонски НБА играч заедно со Пол Милсап и Ал Хорфорд успеа да ги одбие противничките напади во рекет, но „гризлите“ сепак победата успеаја да ја обезбедат со шутеви од далечина со учинок 9 од 14.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.