| четврток, 6 декември 2018 |

Алесандро Неста ќе продолжи како тренер

nesta

Поранешниот италијански репрезентативец Алесандро Неста соопшти дека на крајот од сезоната ќе ја заврши играчката кариера и дека ќе се посвети на тренерската работа.

Неста минатото лето го напушти Милан и се пресели во Монтреал, кој се натпреварува во МЛС лигата.

Toj во 2000. година беше дел од шампионскиот тим на Лацио, а од 2002. до 2012. го носеше дресот на Милан, со кој освои две титули во Лигата на шампионите и две во Серија А.

За репрезентацијата на Италија одигра 78 натпревари, а во 2006. година со “азурите” триумфираше на Светското првенство во Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top