| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна состојба во Австралија поради шумските пожари

pozar

Во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс е прогласена вонредна состојба, откако пожарникарските екипи не успеаја да го запрат ширењето на силните шумски пожари, поради силниот ветер и високите температури, јави МИА.

Во досегашните пожари, што траат веќе неколку денови во делови од Австралија, се уништени повеќе од 200 домови.

Најтешко е погодена областа Блу Маунтис, западно од Сиднеј, каде пожарникарите признаваат дека низа пожари се надвор од секаква контрола.

Според австралиските власти станува збор за најголемите шумски пожари во последните 40 години.

Премиерот на државата Нов Јужен Велс, Бари О Фарел прогласувањето на вонредна состојба ќе им даде на пожарникарите дополнителни овластувања во следните 30 денови, со кои тие ќе може да наредат исклучување на струјата и дотокот на гас за домаќинставата и фирмите, ако тоа биде потребно.

– Ние се подготвуваме за најлошото, надевајќи се дека се ќе помине најдобро што може, изјави локалниот премиер Бари О Фарел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top