
Почина Јованка (Будисављевиќ) Броз, сопругата на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито – објави српски Телеграф.
Броз имаше 89 години. По неколку месечните борби за живот, таа починала во болница во Белград.
Подоцна веста ја потврди и директорот на Болницата.
Вдовицата на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, Јованка Броз почина денеска во 11:45 минути по локално време во Белград, изјави директорот на Ургентниот центар, Златибор Лончар.
Сопругата на Тито кон крајот на август била примена во болница поради сериозни здравствени проблеми. Родена е во 1924 година, а со Јосип Броз Тито беше во брак од 1952 година до неговата смрт во 1980 година.

Неодамна нејзината најдобра пријателка изјави дека Јованка била неверојатно јака жена.
– Никогаш не се жалеше ниту на тешкиот живот, иако знаевме дека едвај преживува – раскажуваше Зорка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


