| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: Со ребалансот на скопскиот буџет се донесоа штетни мерки за Скопјани

narod[4]

Со Ребалансот на Буџетот на Градот Скопје за 2013 година, се покажа дека проектите што ги понудија ВМРО-ДПМНЕ и Градоначалникот Коце Трајановски се само празни зборови, бидејќи токму тие, први се најдоа на удар со овој ребаланс. Голем дел од проектите кои се најавуваа како капитални и кои требаа да го подобрат како квалитетот на живот на граѓаните на Скопје, така и да создадат поволни услови за понатамошен просперитет на Градот, се одложени за некој иден период – вели Предраг Трпески, советник во Совет на Град Скопје од коалицијата „Сојуз за иднината“, предводена од СДСМ и Претседател на Комисијата за буџет во Совет на Град Скопје.

Советниците во Советот на Град Скопје од редот на Сојузот за иднината, во знак на протест против апсењето на претседавачот на Советот на Општина Центар, не учествуваа во работата на седницата на Советот на Град Скопје која се одржа во петокот, а на која советничкото мнозинство го донесе предложениот Ребаланс на буџетот на Град Скопје за 2013

Трпески денеска изразувајќи го незадоволството од одлуката посочи дека ВМРО-ДПМНЕ преку Градоначалникот на Град Скопје во својство на предлагач на овој Ребаланс, примени две многу штетни мерки за граѓаните на Скопје:

Прво, со ребалансот ги намали капиталните расходи во буџетот за енормни 30%, при што најголемо намалување од 42% има кај ставката Други градежни објекти. По ставки, намалувањето на капиталните расходи е најзизразено кај: Уредувањето на градежно земјиште со намалување од 30%, 18% намалување на средствата кај поектите за енергетска ефикасност, 18% намалување кај изградба на јавно осветлување, 40% намалување на средствата за изградба на системи за водоснабдување, а средствата за изградба на систем за одведување и прочистување на отпадни води се намалуваат дури за 55%. Она што навистина претставува дебакл на политикана на ВМРО-ДПМНЕ и Градоначалникот Трајановски во Градот Скопје е фактот што средствата за изградба на магистрални и собирни улици на територијата на Скопје  се намалени за дури 45%. Ова најверојатно значи одлагање и на проектот Подземна сообраќајница, кој беше еден од главните адути на Градоначалникот Трајановски на последните локални избори.

Второ, со ребалансот се зголеми задолжувањето на Градот Скопје за дополнителни 86,5 милиони денари или за 20% повеќе отколку во првично утврдениот буџет на кредити. Задолжувањето е исклучиво за да се изградат катни гаражи, каде е направено зголемување на средствата за 32% или од 451,5 милиони денари на 596 милиони денари.

Според советниците од СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ и Градоначалникот Трајановски катните гаражи се примарна цел на Градот Скопје, а се друго што би значело јавно осветлување, изградба на улици и патишта, енергетска ефикасност, заштита на животна средина, изградба на системи за водоснабдување и одведување и прочистување на отпадни води и тн. и што го подобрува квалитетот на живот на граѓаните на Скопје се одлага за некој иден период.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top