Девет цистерни со течен гас и четири со нафта излетале од шините во канадската провинција Алберта, по што три од нив се запалиле, а пожарникарите се борат со огнената стихија.
Претставникот на властите во округот Паркленд, Карсон Милс изјави дека во Едмонтон, е прогласена вонредна состојба, при што не е исклучена можност за експлозија.
– Сите сто жители на населеното место Гејнфорд, во близина на несреќата се евакуирани, истакна Милс и додаде дека засега нема информации за евентуални жртви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.