Кон крајот на месецот почнува новата сезона во најсилната кошаркарска лига на светот, НБА.
Пред новата аватура, екипите ги прават последните подготовки темпирајќи ја формата со натпреварите во предсезоната, а има и по некоја кадровска промена.
Доколку може да им се верува на медиумите од Соединетите Американски Држави, легендарниот кошаркар на Филаделфија „Севентисиксерс“ и еден од најдобрите плејмејкери во НБА Ален Ајверсон е пред „кам-бек“ во својот клуб.
Сепак, со оглед дека е во „зрели години“, Ајверсон би дошол во тимот во кој се прослави како член на стручниот штаб, а не како играч, информираат новинарите од САД.
На 30-ти октомври, кога всушност и започнува новата сезона во НБА лигата, тој би требало да го објави официјалното повлекување, а по тоа би ја добил и споменатата работа во својата екипа.
Според наводите на изворите од редовите на „76-ките“, Ален Ајверсон би бил задолжен за тренинзите на играчите, а воедно би патувал со составот и на гостувањата.
Ален Ајверсон е 19-от најдобар стрелец во историјата на НБА лигата, а во 2001-та година беше најкорисен (МВП) играч во регуларниот дел од сезоната. Во текот на богатата кариера, во која уште го носеше дресот на Денвер „Нагетс“, постигна 24 368 поени, а кратко престојуваше и во Турција, каде што беше член на Бешикташ ов Истанбул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.