
фото: Канал 77
Група млади алкохолизирани штипјани се степале до обезбедувањето на дискотеката „Ајс“ откако претходно биле исфрлени од неа.
Според МВР, тепачката се случила околу 00.30 часот во Штип, на улица Тошо Арсов, пред дискотеката „Ајс“. Од една страна биле В.А.(30), Е.А.(28) и И.А.(20), а од друга К.К.(25), И.К.(36), Д.М.(33), В.Г.(34) и А.Н.(32), сите од Штип.
Тепачката настанала на тој начин што првонаведената група била предупредена од обезбедувањето на дискотеката да запре со нарушувањето на јавниот ред и мир, при што биле извадени пред објектот, каде што настанала вербална расправија која преминала во тепачка и во еден момент И.А.(20) фрлил стаклено шише со кое во пределот на главата го повредил С.С.(21), по што побегнал. Учесниците во тепачката се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Штип. Учесниците во тепачката се алкотестирани, при што кај дел од нив е констатирано присуство на алкохол. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


