| четврток, 6 декември 2018 |

Политичка криза на идеи

nenad mircevski2

Ненад Мирчевски

Без мно­гу пом­па Европ­ска­та ко­ми­си­ја уште ед­наш, по пет­ти пат, пре­по­ра­ча Ма­ке­до­ни­ја да ги поч­не пре­го­во­ри­те за членс­тво со Уни­ја­та. Из­ве­шта­јот го до­че­кав­ме сре­де бур­на­та по­ли­тич­ка не­де­ла во ко­ја бев­ме све­до­ци на обид за но­ва по­ли­тич­ка кри­за, и тоа са­мо не­пол­ни два ме­се­ца отка­ко се над­ми­на слич­на. Не­кол­ку де­на пред при­стиг­ну­ва­ње­то на до­бра­та вест од Бри­сел, ко­ја за­ви­се­ше од до­го­во­рот за слу­чу­ва­ња­та од 24 де­кем­ври, за кои, па­тем, за­гу­бив­ме не­ве­ро­јат­ни осум ме­се­ци во ме­ѓу­пар­ти­ски ба­нал­ни на­те­га­ња, опо­зи­ци­ја­та иста­пи со но­ви за­ка­ни за но­ви бло­ка­ди, за по­втор­но на­пу­шта­ње на Со­бра­ни­е­то и за бој­кот на след­ни­те из­бо­ри… При­чи­на­та овој пат ја нај­доа во по­ли­ци­ска ак­ци­ја на МВР во ко­ја пр­во­о­сом­ни­чен е функ­ци­о­нер на СДСМ. Да­ли има ви­на или не, тре­ба да ре­ши су­дот, но ка­ква од­лу­ка и да до­не­се, по­ве­ќе од јас­но е де­ка ќе би­де сил­но кри­ти­ку­ва­на и зло­у­по­тре­бе­на за по­ли­тич­ки це­ли, од­нос­но ка­ко али­би за но­ви кри­зи, за но­ва ште­та што ќе пад­не на гр­бот на гра­ѓа­ни­те, за но­во по­ли­тич­ко си­ви­ло со кое ќе се оп­то­ва­ру­ва јав­но­ста.

И до­де­ка јав­но­ста оче­ку­ва не­ка­кво раз­мр­ду­ва­ње на си­ту­а­ци­ја­та во ко­ја се на­о­ѓа­ме и ба­ра да слуш­не раз­ни идеи за из­лез од ќор-со­ка­кот во кој се на­о­ѓа­ме по­ра­ди спо­рот за име­то, до­би­ва нај­а­ви за бло­ка­ди и блан­ко-за­ка­ни за ид­ни ап­се­ња на потенцијални кри­ми­нал­ци од опо­зи­ци­ја­та. Та­ка ме­сто да оче­ку­ва­ме не­ка­ква се­ри­оз­на на­ци­о­нал­на стра­те­ги­ја со ко­ја ќе на­ста­пи­ме про­тив за­ед­нич­ки­от „не­при­ја­тел“ или план за по­до­бру­ва­ње во одре­де­на  еко­ном­ска об­ласт, тре­ба да би­де­ме бла­го­дар­ни и да чув­ству­ва­ме олес­ну­ва­ње ако не­кој пра­те­ник ре­ши да си ја за­ра­бо­ти пла­та­та по­ја­ву­вај­ќи се во за­ко­но­дав­ни­от дом.

От­ту­ка не мо­же а да не се на­мет­не пра­ша­ње­то – да­ли не­до­сти­гот од ка­па­ци­тет кај по­ли­тич­ка­та ели­та да де­ба­ти­ра за идеи што ќе го по­до­брат жи­во­тот на обич­ни­от чо­век, се на­до­пол­ну­ва со де­стру­ктив­но дејс­тву­ва­ње ед­ни про­тив дру­ги (на власт про­тив опо­зи­ци­ја и обрат­но), без во­оп­што да се за­гри­жат де­ка сме­тка­та, ва­ка или та­ка, на кра­јот ќе ја пла­ти на­ро­дот.

Впро­чем, на­ро­дот ба­ра логично об­јас­ну­ва­ње од опо­зи­ци­ја­та зо­што до­се­га си­те за­ка­ни и уце­ни до власта беа упа­ту­ва­ни при ап­се­ња на нив­ни чле­но­ви и бли­ски со­ра­бот­ни­ци, оце­ну­вај­ќи ги случаите ка­ко по­ли­тич­ки ре­ван­ши­зам ду­ри и пред да ги чу­јат об­ви­не­ни­ја­та, а, од дру­га стра­на, не из­ле­гоа со ни­ка­ква ре­ак­ци­ја во слу­ча­и­те ко­га со ли­си­ци на ра­це­те за­вр­шу­ваа функ­ци­о­не­ри од вла­ста. Како посвежи примери од последните неколку месеци се апсењата на Паско Кузман во случајот „Фаланга 2“ и на сопругата на поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ во случајот „Македонска пошта“ за кои опозицијата не кажа ниту збор. Иако пред шест години го блокираа судот при апсењето на Владо Бучковски за случајот „Тенковски делови“, летоска (откако го избркаа од партијата) социјалдемократите ја премолчија изречената затворска казна на поранешниот министер на СДСМ. Дури и во конкретниот случај со акцијата „Претседавач“, опозицијата не излезе со објаснување зошто се фрли во одбрана само на еден осомничен – нејзиниот партиски член, без притоа да ги спомене и другите приведени во случајот, меѓу кои и директорката на дирекцијата на Управата за јавни приходи во Скопје.

Пред да до­не­се ка­ква би­ло од­лу­ка, опо­зи­ци­ја­та тре­ба да би­де мно­гу пов­ни­ма­тел­на од прет­ход­ни­от пат за­тоа што, од ед­на стра­на, вла­ста, си­гур­но, не­ма да доз­во­ли да се „лиз­не“ уште ед­наш на иста фин­та, а од дру­га стра­на, ста­ро­то сце­на­рио за ве­штач­ка кри­за е ве­ќе про­чи­та­на кни­га кај на­ро­дот, па се­то тоа мо­же да им се вра­ти ка­ко бу­ме­ранг по нив­ни­от реј­тинг на след­ни­те из­бо­ри, кои мо­же да би­дат мно­гу бр­зо.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top