| четврток, 6 декември 2018 |

Македонките не се баш „лесни“

Контроверзниот и самопрогласен „светски заводник“ или „секс-турист“ Дариуш Вализадех, попознат како Рош Б (Roosh В), стана релативно популарен благодарение на неговиот блог и многубројни книги во кои можете да најдете детални описи за неговите сексуални подвизи низ светот, како и многу совети за тоа како да изневерувате, заведете и задоволите жена.

Врз основа на неговото искуство, авторот Николас Џек создаде мапа на светот, која за кратко стана интернет-хит.

Поточно, мапата прикажува колку жените од одредена земја се „лесни“. На пример, Иран, Ирак, Саудиска Арабија и Јемен се покажаа како најтешки места за потенцијални авантури за една ноќ. Девојките од Перу, Боливија и Тајланд, пак, се прикажани во таа непосакувана боја и се дел од „најлесните“, барем според искуствата на блогерот.

Македонките се најдоа во „златната средина“, односно на светската мапа се прикажани како девојки за кои е потребно „нормално време за да ги заведеш“. Се разбира, поимот „нормално“ е многу релативен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top