| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Не може некој од нас да бара да се самоизбришеме

gruevski_

Осврнувајќи се на меѓународната позиција на Република Македонија, премиерот Груевски на синоќешната трибина во Битола уште еднаш ги потврди евроатлантските аспирации на државата кои континуирано се попречени од Република Грција, јави МИА.

– Нашиот јужен сосед сѐ уште верува дека проблемот може да го реши со блокади, со уцени и со навреди. Зошто навреди!? Тие до ден денеска нѐ нарекуваат ФИРОМ, дури не велат поранешна југословенска Република Македонија, туку ФИРОМ – една кованица која не треба да ја употребуваат по ниту еден стандард. Тоа е исто како ние да ги нарекуваме ФОПОК –Former Ottoman Province of Greece – (FOPOK).  Колку би се навредиле ако така би ги нарекувале? Но, тие знаат дека на ваков начин проблемот не се решава, на ваков начин само се оддалечуваме. Очигледно е дека во овој момент тие немаат политичка волја да го решиме прашањето и затоа наметнуваат вакви работи. Нивниот вокабулар е сѐ поостар и не се подготвени за компромис, а ние сме свесни дека ова прашање може да се реши само со компромис и ние сме подготвени за тоа. Но, не е компромис она што со години, децении и со векови нашите предци се бореле за да го достигнат, ги давале своите животи или гниеле по затвори сега да го уништиме. Не може некој од нас да бара она што сме со векови, сега да не сме, и да се самоизбришеме. Ние сме биле и ќе останеме Македонци со македонски јазик во оваа држава Република Македонија – истакна македонскиот премиер Никола Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top