| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто Хилари Клинтон не може да ја поднесе Анџелина Џоли

Американската политичарка навидум нема ништо заедничко со холивудската ѕвезда. Меѓутоа, според извор на „Нешнел енкуаирер“, Анџелина планира политички да се ангажира за претседателските избори во 2016 година, нешто што на Хилари воопшто не ѝ се допаднало.

Во април минатата година, и двете присуствувале на Светскиот самит во Њујорк, каде што Џоли побарала да се сретне со Клинтон насамо за да разговараат за некои важни прашања.

Хилари на тоа збеснала и рекла дека нема зошто тие две воопшто да разговараат, нејзината политичка кариера и обврски се многу посложени отколку што Џоли замислува и дека таа едноставно треба да си се држи до актерството.

Згора на тоа, Хилари верува дека во минатото Анџелина се обидувала да го заведе нејзиниот сопруг Бил Клинтон и не може да премине преку тоа. Според истиот извор, таа изјавила дека Анџелина е дволична и растурачка на домови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top